Your Phone е одлична апликација од Microsoft, достапна за Windows 10 и Android, преку која овие два оперативни системи се поврзуваат. Со тоа корисниците моментално имаат можност да ги гледаат сликите од нивниот поврзан мобилен телефон, да добиваат и испраќаат SMS пораки, како и да ги гледаат известувањата од сите апликации.

Една од поинтересните функции кои беа најавени за оваа апликација беше можноста за добивање и правење на телефонски повици преку Windows 10 компјутер со што се трга целосно потребата од користење на телефонот кога корисникот е седнат на неговиот компјутер и работи.

Оваа функција сега е достапна, но во тест фаза, па поради тоа им е достапна само на корисниците на Windows Insider програмата. Исто така, за да функционира потребно е Android верзијата на телефонот да е 7.0 или понова, а исто така компјутерот да има можност за поврзување преку Bluetooth.

Како што се гледа од сликата, при добивање на телефонски повик од поврзаниот телефон, корисниците ќе добијат и известување на нивниот Windows 10 компјутер. Повикот можат да го прифатат и да разговараат преку микрофонот од нивниот компјутер, а исто така можат и да го одбијат, па да одговорат со порака.

Покрај примањето на повици, корисниците ќе можат и да ги започнат повиците од нивниот компјутер, каде е достапен „dialer“, како и контакт листата на телефонот.

Посебно корисно е што може да се направи префрлување на повик од компјутерот на телефонот, па доколку одреден повик е започнат на еден уред, може да се продолжи и во движење.

Оваа функција за сите корисниците се очекува во месеците што следат, барем ако го земеме искуството со претходните функции на Your Phone апликацијата.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаGalaxy S10 серијата ги добива моќните функции на Galaxy Note10 преку софтверско ажурирање
Следна статијаПовик до млади иноватори за креирање дигитални решенија за инклузија на деца и млади со попреченост
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.