Your Phone е апликација од Microsoft која е достапна на Windows 10, како и на мобилните, која според мене дури сега може да се каже дека станува навистина корисна.

Оваа апликација ги поврзува вашиот мобилен телефон со Windows 10, по што се овозможува разгледување на сликите од телефонот и нивно префрлување на компјутерот, како и можност за гледање и одговарање на SMS пораките од телефонот.

Иако можеби за многу луѓе можноста да се видат сликите на уредот е корисна, сепак со „cloud“ решенијата како OneDrive, Google Drive, Dropbox и слични, сликите веднаш ни се достапни на компјутерот, па оваа функција на Your Phone, мене лично не ми е нешто посебно корисна.

Истото би го кажал и за SMS пораките. Во денешно време многу ретко се комуницира преку SMS пораки, па оваа можност на Your Phone, иако корисна, сепак ретко може да се најде како потребна.

Затоа, најновата верзија од апликацијата ја прави истата да биде многу поважна и да привлече внимание кај повеќе корисници.

Your Phone сега може да ги прикажува известувањата од Android уредот директно на Windows 10 компјутер. Ова веќе може да се каже дека ја прави апликацијата многу повеќе корисна, а таа ќе биде уште покорисна во иднина кога на овие известувања ќе може да се одговори, секако во случај на апликации за разговори и слични.

Начинот на којшто во иднина апликацијата ќе овозможува одговарање на известувањата е преку една функција која моментално им е достапна само на Insider корисниците, а овозможува прикажување на Android екранот на Windows 10.

Преку оваа можност, корисниците ќе можат да ја отворат апликацијата која добила известување на телефонот, а екранот да се прикаже и на Windows 10. Со тоа се трга потребата од користење на мобилниот додека се седи до компјутерот.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Thurrot
Претходна статијаСтив Вознијак е загрижен за приватноста во денешно време и препорачува луѓето да се откажат од Facebook
Следна статијаПовеќе од 1.000 Android апликации користат пристап до информации до кои не им е дозволено
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.