Windows Firewall Control е можеби една од најпознатите апликации за Windows за корисниците кои сакаат самите да бидат во голем дел одговорни за безбедноста на нивниот компјутер. Корисниците кои сакаат точно да знаат кои апликации добиваат пристап до интернет на нивниот компјутер, наместо некоја од популарните апликации тоа „тивко“ да го прави за нив во позадина.

Можеби непознато за многумина, меѓутоа Windows има вграден Firewall веќе одамна којшто доколку знаете како, е одличен за одржување на безбедноста на компјутерот, во комбинација со некој од одличните бесплатни антивирус апликации.

Единствениот проблем со Windows Firewall е што нема начин како брзо и лесно да се креираат правилата за апликациите, па корисниците мораат рачно за секоја апликација посебно да ги внесат саканите параметри.

Тука доаѓа до израз Windows Firewall Control, апликација која во основа е наменета за менаџирање на Windows Firewall, овозможувајќи повеќе можности.

Windows Firewall Control, поточно компанијата која стои зад развојот на оваа апликација, беше купена од познатите Malwarebytes кои планираат да ја имплементираат оваа апликација во нивните производи.

Во меѓувреме, Windows Firewall Control апликацијата станува целосно бесплатна, односно едната функција за која требаше да се плати, станува достапна за сите. Функцијата која е една, но е клучна е известувања, што го скратува процесот при вклучување на апликации, кои сега може со еден клик да се избере креирање на правилото за нив.

Страната на Windows Firewall Control е на следниот линк, доколку сакате да ја пробате апликацијата или да повторно да и дадете шанса.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаИнфографик – запознајте ја моќта на Galaxy Note9
Следна статијаИнфографик – запознајте го целосно новото S Pen кое доаѓа со Galaxy Note9
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.