Пред да го воведе познатиот Windows Explorer, кој сега во Windows 10 се вика File Explorer, корисниците на Windows ги прегледуваа своите датотеки на компјутерот преку Windows File Manager.

Овој менаџер на датотеки е првиот којшто е претставен во Windows со графички кориснички интерфејс, а тоа било во далечните веќе деведесетти години, во првите верзии од Windows.

Windows File Manager беше поставен на GitHub со отворен код, а сега од Microsoft го направија достапен за секој којшто сака да го инсталира преку продавницата за апликации во Windows 10.

Линкот до апликацијата е следен, а по инсталацијата може да се користи како замена за File Explorer.

Заслужен за достапноста на Windows File Manager како отворен код и како апликација е Крег Витенберг којшто е вработен во Microsoft веќе 37 години им има работено на огромен број на проекти.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаGoogle претстави додаток за Chrome кој ги проверува лозинките на корисниците
Следна статијаFacebook Messenger ја доби функцијата за бришење на испратените пораки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.