Google Chrome моментално е најкористениот и најпопуларен интернет прелистувач, па не е чудо што и Microsoft сака да е што повеќе присутен на оваа, слободно можеме да ја наречеме, платформа.

Меѓутоа, јас лично не очекував дека од компанијата ќе претстават екстензија за Chrome од Windows Defender. Главната причина за тоа е што Windows Defender нема баш некој голем „углед“ кај корисниците, а до неодамна резултатите од тестирањата се покажуваат како доста потпросечни.

Сепак, во овој случај се работи за база на малициозни страни, а целта на екстензијата е да не заштити од вакви страни, како и од „фишинг“ линкови од имејл пораките. Chrome екстензијата ја користи истата технологија и база како таа на Microsoft Edge, па може да се очекува истото ниво на заштита.

Што се однесува до тоа ниво, од Microsoft тврдат дека заштитата која тие ја нудат за корисниците на Edge нуди 99% заштита од фишинг напади, додека истата на Chrome e 87%, а на Firefox 70%.

Очигледно целта е да се овозможи истото ниво на заштита како на Edge, за корисниците на Chrome, па доколку сметате дека тоа ви е потребно, можете да ја инсталирате екстензијата преку Chrome Web Store од следниот линк.

ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаPEPPER – интерактивниот хуманоиден робот во посета на Стопанска банка АД – Скопје
Следна статијаДали треба да има и колку би чинела претплатата за Facebook?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.