Сигурно барем еднаш досега имате инсталирано некоја апликација која ветува дека ќе го провери вашиот компјутер за грешки во софтверот. Истата успешно ги наоѓа грешките, меѓутоа истите не ги објаснува и истакнува, туку ви кажува колку се тие сериозни и дека најдобро би било да ја купите апликацијата за истата да ги исправи.

Се разбира, ретко кога е случајот да навистина еден компјутер има толку грешки, а и да ги има, тие сигурно не може да се реши со некоја од овие апликации.

Windows Defender од 1ви март оваа година ќе почне да ги означува ваквите апликации како несакани апликации и истите ќе ги брише од компјутерот на корисникот.

Ова не значи дека сите апликации кои нудат скенирање на компјутерот и исправка на грешки отсега ќе бидат бришени. Се работи за апликациите кои без да ги објаснат грешките ги принудуваат корисниците да ја купат платената верзија.

Принудувањето најчесто се прави преку истакнување на пораки кои треба да ги уплашат корисниците, да помислат дека без таа апликација, нивниот компјутер „отиде во неповрат“.

Windows Defender со тек на време станува се подобар, а во најновите тестови е рамо до рамо со платените антивирус апликации. Додатоците како оваа го прават уште покорисен, а корисниците кои немаат друг антивирус, сигурни дека нивниот компјутер е безбеден.

Извор: Microsoft, Windows Central

Претходна статијаСега е возможно – со Fake App можете да креирате лажни порно видеа
Следна статијаСмартфонот со екран што ќе се превиткува од Samsung ќе биде претставен до крајот на годината?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.