Една од најчестите ситуации кога се користи калкулаторот од Microsoft во Windows 10, односно било кој калкулатор што се однесува до оваа поента, е пресметката на работи кои ги гледаме од друга апликација.

Поради тоа, корисно е да калкулаторот остане во видното поле со цел да може да се гледаат бројките од другата апликација, а во исто време да се внесуваат во калкулаторот. Тоа секако е можно со намалување на прозорите од апликациите, но тоа не секогаш е практично, а посебно на помали екрани.

Како што истакнуваат од Microsoft, една од најмногу бараните функции во Windows Calculator е можноста да прозорот од оваа апликација се „закачи“ врз останатите со што тој секогаш ќе остане видлив, без разлика кој друг прозор се користи.

Со тоа корисниците ќе можат секогаш да го имаат калкулаторот „при рака“, без разлика колку други прозори имаат отворено.

Со цел да калкулаторот не пречи на останатите апликации, кога ќе се вклучи во ваков режим тој ќе се намали и ќе ги прикажува основните функции. Со притискање на копче тој се враќа во нормалната форма и може да се продолжи, доколку е потребно, со посложени калкулации.

Оваа промена е резултат на соработката која ја има сега Microsoft со програмерите од заедницата на отворен код, односно тие го отворија кодот на Calculator пред околу 4 месеци, со што овозможија секој да може да придонесе на неговиот развој.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2GitHub
Претходна статијаGoogle Chrome 76 донесува целосно блокирање на Flash содржина и блокирање на можноста за откривање дека користите Incognito режим
Следна статијаSamsung Galaxy Tab S6: Нов таблет кој ја надградува твојата креативност и продуктивност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.