Има нешто посебно интересно да се користат чисто онака од забава, постари игри, софтвер, па и оперативни системи. Игрите и софтверот може да се инсталираат на разни начини, меѓутоа оперативните системи сепак бараат малку повеќе работа.

За да не биде таков случајот се погрижи Феликс Рајсберг од Slack, којшто користејќи ја Electron платформата, го направи целиот Windows 95 оперативен систем како една апликација која може да се инсталира на Windows, macOS и Linux.

Корисниците се што треба е да го симнат фајлот којшто е со големина од скоро 200 мегабајти и да го инсталираат како било која друга апликација на нивниот компјутер. По инсталацијата Windows 95 се стартува и може да се користи со повеќето програми во него како Notepad, Paint, Minesweeper, Solitaire и слични. Она што изгледа не е направено да функционира е стариот Internet Explorer.

Доколку сакате да го пробате Windows 95 на вашиот компјутер, тој како апликација е достапен на следниот линк.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаСтудија ги истражува податоците кои Google ги собира за своите корисници
Следна статијаСеријата Huawei Mate 10 Pro надградена со функција за ноќни фотографии
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.