Една од најдосадните работи кај групните разговори е што најчесто 10% од муабетот е на темата поради која е креирана групата, а останатите 90% се непотребни, празни муабети и досетки, смешки и секакви објави.

Поради тоа, ако не сме и ние едни од тие кои сакаат да праќаат вакви пораки, треба константно да добиваме известувања неважни за нас или ако ги исклучиме известувањата, да пропуштиме некоја важна порака која се „протнала“ во меѓувреме.

WhatsApp во својата најнова верзија од апликацијата воведе можност администраторите на групните разговори, односно тие кои ја имаат креирано групата, да изберат да само тие можат да испраќаат пораки, но не и другите членови.

Ова од WhatsApp го промовираат како корисно за групните разговори помеѓу родителите и учителите од училиштата, маалски заедници, непрофитни организации и слично.

Со изборот на администраторот да само тој може да испраќа пораки, ќе си осигура дека неговите информации, односно известувања, нема да се загубат помеѓу десетиците, а може и стотиците неважни пораки помеѓу.

Изборот може да се направи преку отворање на групниот разговор, па Group Info, по што треба да се притисне на Group Settings > Send Messages  > Only Admins.

ИЗВОРWhatsApp
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаРСБСП со совети како да останете безбедни кога возите сам на подолг пат
Следна статијаНова македонска апликација што ви овозможува вести и информации од проверени извори
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.