release_image_6.1_english_fb_1

После долго време од првичната најава, Viber на почетокот од минатиот месец ја претстави својата Windows 10 универзална апликација, достапна за десктоп и мобилните уреди. Истата беше достапна во бета верзија, што значеше дека уште неколку работи се останати за досредување.

Од оваа недела, Viber за Windows 10 е официјално достапен, односно веќе не ја носи бета ознаката. Апликацијата покрај подобрување на перформансите и исправка на откриените багови, ги вклучува следните новини кои не беа достапни во бета верзија:

  • Видео повици од мобилната верзија
  • Можност за одговарање на пораките директно од известувањето, односно од лентата за известувања
  • Можност за лајкување на пораките во групните пораки
  • Можност за споделување на работи во Viber
  • Поддршка за Cortana

Исто така, она што ние го забележавме е дека на десктоп верзијата направена е една мала промена, која нас ни пречеше. Лентата за стикери сега може да се сокрие по избор на корисникот, без разлика на големината на прозорот.

Viber за Windows 10 е достапна во Windows Store и можете да ја симнете преку следниот линк.

Симни ја Viber за Windows 10

Извор: Viber

Претходна статијаЛуѓето веројатно имаат магнетноприемно чувство
Следна статијаFacebook Messenger го користат повеќе од 1 милијарда корисници месечно
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.