Viber1

После една година од најавата, Viber конечно е достапен во верзија посебно направена за Windows 10. Тоа значи дека апликацијата е достапна преку Windows Store и уште поважно е универзална, што значи е достапна за сите видови на уреди кои работат на овој оперативен систем.

Како што е нормално веќе за оваа платформа, Viber моментално ја носи ознаката бета, што значи дека иако е достапна официјално, може да се очекува довршување на функциите во периодот што следи.

На Windows Phone одамна е достапна Viber апликација, а од пуштањето на новата, истата е надградена за корисниците на Windows 10 како единствена официјална верзија.

Апликацијата веднаш би нагласиле работи многу побрзо на Windows Phone, за разлика од претходната верзија која беше доволно бавна за да ве натера да почнете да ја користите WhatsApp.

Дизајнот е прилагодлив, како и кај сите универзални апликации, што значи дека го добивате истото корисничко искуство на сите видови на уреди.

Апликацијата ги има во главно сите функции кои се достапни на останатите платформи како аудио повици, видео повици (за почеток не се достапни на мобилните), групни разговори, јавни разговори и слично.

Апликацијата исто така има поддршка за најново воведена енкрипција на пораките воведена неодамна со шестата верзија од Viber за сите платформи. За разлика од другите сервиси, за Viber не е до крај познато каков вид на енкрипција се користи, па се смета дека сепак не е најдобриот избор за тие кои не би сакале да бидат следени од властите.

Viber за Windows 10 можете да ја симнете преку Windows Store, како и преку следниот линк.

Извор: Windows Blogs

Претходна статијаSamsung претстави SSD диск од 512 GB со големина на поштенска марка
Следна статијаMicrosoft ја отвори својата Windows Holographic платформа за сите развивачи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.