Доколку како нас сте „фан“ на темните теми на апликациите и оперативните системи, од оваа недела уште една апликација се приклучува на групата која им овозможува на своите корисници ваков избор.

Viber со надградување на најновата верзија преку Play Store довива мала промена во менито, па во Settings, наместо опцијата за промена на позадината, сега е додадено ново, Appearance, мени во кое покрај можноста за промена на позадината, додадена е и можноста за вклучување на темната тема, односно „Dark Mode“.

За разлика од повеќето темни теми кои ги имаме видено, оваа кај Viber сепак не е црна или темно сива. Истата е со нешто посвета нијанса од очекуваното, но сепак ја трга целосно белата тема која е стандардна за апликацијата.

Сепак, мене лично ми се допаѓа, па можеби и повеќе од целосно црната боја кај Facebook Messenger, но тоа е сепак вкус.

Надградбата на најновата верзија може да не ви биде веднаш достапна, па ќе почекате во наредните неколку денови.

Оставете коментар