Темните теми кај апликациите се вистински „хит“. Скоро и нема веќе позната апликација која нема направено темна верзија од својот кориснички интерфејс.

Причината за популарноста на темните теми, покрај естетската, е тоа што истата е повеќе пријатна за очите во вечерни услови, а исто така ја штеди повеќе батеријата кај уредите со OLED екран.

Viber претстави темна тема за новата верзија од својата апликација на почетокот од овој месец. Сега оваа тема е достапна и за корисниците на iPhone, а со оглед на тоа што новите модели се со OLED екран, сигурно голем дел ќе сакаат да ја користат.

Темната тема може да се вклучи преку Settings на апликацијата, па во Appearance, кое е ново мени на местото на досегашното за менување на позадините. Во ова мени се достапни две можности, односно тоа за позадините, како и новото за вклучување на темната тема.

Viber за разлика од некои други решенија сепак се реши за темна тема која користи потемни нијанси од нивната боја, односно не е целосно црна боја. Ова иако изгледа одлично, може да придонесе до нешто помала заштеда на батеријата, со оглед на тоа што пикселите кај OLED екраните во тој дел, сепак ќе треба да се вклучат.

Оставете коментар