Заштитата на приватноста претставува особено важна тема кај развивачите на социјалните мрежи и апликациите за комуникација. Генерално луѓето не беа загрижени за својата приватност, дел од нив од причина што едноставно немаат што да сокријат, додека другиот дел воопшто не веруваа во капацитетите за масовно слдење на комуникации.

Со оглед на тоа дека времето покажа дека такви капацитетит постојат, и не само што постојат туку на големо се експлоатираат, светот го потреосоа низа скандали кои вклучуваа следење на приватни разговори на голем број светски лидери, директори на водечките индустриски компании и сл. Во насока на враќање на довербата на своите корисници, во последно време водечките сервиси кои нудат брза и едноставна комуникација преку интернет, се обидуваат да претстават енкриптиран начин на комуникација, кој во идеални услови би требал да ги заштити корисниците и нивната приватност. Енкрипциите се јавуваат во неколку различни варијанти, но нивната фактичка делотворност е тешко да се докаже. Ваквите новини се не само заштита од потенцијалното масовно следење на комуникации, туку и ефективен начин да се зачува приватноста и податоците дури и при губење на самиот апарат.

Покрај другите вакви апликации, Viber е следната која на корисниците им овозможи подобра приватност.

Новитетот, од неодамна достапен за уредите кои функционираат на оперативните системи iOS и Android, вклучува можност пораките „да се самоуништат“ по извесен период. Опцијата се однесува не само на текстуалните пораки туку и на мултимедијални содржини како видео и слики. Надоградувањето на постоечкиот заштитен механизам на Viber го вклучува постоечкиот начин на енкрипција, како и тајмер за бришење на целата конверзација. „Самоуништувањето“ на пораките функционира независно дали се работи за поединечен разговор или групна конверзација.

Механизмот понатаму, вклучува и опција која оневозможува сликање на екранот. Зависно од оперативниот систем, корисниците на Android се потполно оневозможени од print screen опцијата, додека во случајот на iPhone, Viber прикажува известување. Актуелна е и опцијата за ставање на PIN лозинка за заштита на доверливи разговори во случај на губење на апаратот.

Како што е познато, самоунишиви пораки се нешто што за прв пат го примени апликацијата Snapchat, но во доста различен формат. Develop-ерите на Viber всушност со добра анализа ги забележале недостатотците на пионерите во „тајното комуницирање“ и за сега го нудат најдобриот механизам за заштита на податоците и приватноста. Ако ништо друго, новата опција за допишување ќе направи да се чувствувате како таен агент додека со друштвото го договарате вечерното излегување.

Претходна статијаНовите Самсунг телевизори претставени во парискиот Лувр
Следна статијаOppo ќе лансира „селфи експерт“ телефон со двојна предна камера