viber-message-delete-1

Мобилните апликации на Viber за iOS и Android оваа недела добија надградба која што донесе неколку новости.

Главната новост е можноста за бришење на испратените пораки и од уредот на примачот на пораката. Ова е можност која што може да заштити доста корисници од незгодни ситуации, но може да се најде и како добар заштитник на приватноста.

Корисниците и досега ја имаа можноста да избришат одредена порака, меѓутоа истата се бришеше само од тој уред, што ја правеше скоро бескорисна. Сега, како и на многу други конкурентни апликации, по бришење на пораката, истата ќе ја снема и од уредот на тој што ја примил.

Сега кога сакате да избришете одредена порака, ќе ви биде даден избор помеѓу нејзино бришење од уредот или бришење за сите.

Покрај оваа можност, Viber добива и можност за испраќање на фајлови со што се отвора можноста за споделување на документи и слични досега недостапни работи.

Viber за iOS добива и неколку новости специфични за таа платформа, па корисниците сега ќе можат да го искористат системот за интерактивни известувања, односно да одговорат на пораките без да мора да ја отворат целата апликација. Исто така, пораките и контактите ќе може да бидат пребарувани преку Spotlight, а испраќањето на фајлови ќе може да се прави и од iCloud.

Viber за двете платформи можете да го надградите преку продавниците за апликации, како и преку следните линкови.

Симни го Viber за Android   |   Симни го Viber за iOS

Извор: TNW, Ubergizmo

Претходна статија„Вонземската суперструктура“ сепак била збир на комети
Следна статијаNokia се враќа во 2016 година со моделот C1 ?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.