Upside Down е игра достапна на Android платформата која е едноставна, меѓутоа доста заразна и сигурно љубителите на вакви игри ќе им се допадне.
Целта на играта е да прескокнувате преку пречките кои се поставени на патот на човечето со кое играте. Она што ја прави поинтересна и потешка до некаде играте е тоа што пречките не можете секогаш да ги прескокнете на страната на која што сте поставени, па потребно е да го „превртите“ човечето обратно, па препреката да ја прескокнете на таа страна.
Се игра со притискање со палците на левата и десната страна од екранот, а со тоа го превртувате човечето од долната страна, односно скокате за да ги прескокнете препреките.
Едноставна игра која со тек на време станува се потешка, а вие треба да се потрудите на време да скокнете, а притоа на вистинската страна од патеката. Ова не секогаш е лесно, па може да не успеете на време да го поставите човечето каде што треба или да не стигнете на време да скокнете.
Upside Down слободно може да се каже дека е вид на игра која е наменета да се занимавате кога немате што да правите, односно е добра за „тепање“ време. Играњето на вакви игри исто така е одличен начин за одмарање на мозокот, а посебно доколку имате работа која доволно ви креира стрес.
Можете да ја симнете преку Play Store, односно преку следниот линк.