Universal Windows Platform, кога беше претставена пред неколку години остави впечаток дека е иднината на начинот на правење на апликации, а посебно за тие на Microsoft платформите. Windows Phone, а подоцна Windows Mobile, уште покажуваше надеж дека ќе може да остане трета алтернатива на Android и iOS, а тука беа и уште се Xbox како платформа и Window 10.

Сепак, целата замисла за оваа универзална платформа беше да програмерите развивајќи за една платформа, лесно можат да направат оваа апликација да работи и на друга, беше логична доколку Microsoft има и мобилна платформа.

Иако хибридните уреди кои се користат како лаптоп и таблет компјутери можат да добијат нешто од ваквите апликации, сепак без мобилната платформа се покажа како тешка задача Microsoft да ги мотивира програмерите да развиваат активно.

Оваа платформа си има свои предности сепак, но се покажува и дека има одредени маани кои прават да програмерите не сакаат да развиваат за истата, дури и кога се работи само за достапност на десктоп.

Од Microsoft изгледа ја прифаќаат оваа ситуација, па почнуваат да го намалуваат значењето на универзалната платформа, па ќе остават програмерите да слободно развиваат во стандардната win32 форма, без да ги тера да ги прават своите апликации компатибилни со универзалната платформа.

Ова пред се ќе се покаже како корисно за програмерите на игри кои сега ќе можат да ги развиваат игрите стандардно, а да бидат достапни во Microsoft Store како класични win32 апликации.

Ова сепак не значи дека универзалната платформа нема да продолжи да се развива во одредена форма. Оваа платформа може да ги задржи своите предности и да ги вклучи на друг начин во класичните апликации кои само ќе добијат, а нема да мора да го менуваат значително начинот на програмирање.

Еден од поголемите показатели дека Microsoft нема да ја форсира до толку универзалната платформа е и префрлувањето на нивниот Edge прелистувач надвор од неа. Тој сега се развива на основа на Chromium како класична win32 апликација.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.