Фото: Twitter

Twitter оваа недела објави нова апликација која веќе одреден период е во припрема. Истата е наречена Twttr и е наменета за корисниците кои се заинтересирани да ги тестираат промените и новините во главната апликација, пред истите да станат официјални.

Апликацијата, барем на почеток, нема да им биде достапна на сите заинтересирани корисници, односно истата ќе им биде достапна само на мал број на корисници. Како што истакнуваат од Twitter, во тест фазата ќе бидат поканети само околу 2.000 корисници од англиско и јапонско говорно подрачје.

Сепак, доколку сте заинтересирани, можете да се пријавите, па можеби ќе ви стигне покана. Пријавувањето може да се направи на овој линк.

За почеток, односно првата верзија од Twttr, ќе овозможи тестирање на нов вид на одговори во твитовите. Истите ќе наликуваат повеќе на разговори во „чет“ апликација и ќе имаат истакнати бои кои ќе се разликуваат зависно од тоа кој го има објавено главниот твит, кои корисници ги следи корисникот и слично.

Понатаму апликацијата ќе се користи за тестирање на други нови функции, а корисниците ќе имаат увид многу порано во промените од сега. Исто така, тие што имаат пристап до апликацијата ќе ги објавуваат новините, со што ќе може да се добие реакцијата од корисниците со цел да се одлучи за воведување на промената.

ИЗВОРEngedget
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаUSB4 доаѓа со многу поголема брзина и компатибилност со Thunderbolt 3
Следна статијаWindows 10 дојде до бројка од 800 милиони активни корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.