Темните теми се веќе нормални можности кај апликациите и оперативните системи. Тие се многу повеќе пријатни за очите во вечерните часови или било која ситуација кога осветлувањето околу мобилниот уред и помало или го нема.
Сепак, темните теми имаат и дополнителна предност за корисниците на телефони со OLED екран. Поради тоа што OLED екраните работат на начин што секој пиксел посебно и независно се вклучува, кога на екранот се прикажува црна боја, пикселите во тој дел се целосно исклучени. Од тука доаѓа и одличната црна боја, контраст, кај овие екрани.
Поради тоа што кога се прикажува црна боја, пикселите во тој дел кај OLED екраните се исклучени, се намалува и потрошувачката на енергија, односно на батеријата на уредот.
Кратко кажано, покрај тоа што темна тема е пријатна за очите, таа придонесува и за одреден процент на заштеда на батеријата на уредот.
Twitter веќе има темна тема, меѓутоа истата не го менува корисничкиот интерфејс во целосно црна боја.
Сега, најновата верзија од апликацијата само за iPhone уредите, има дополнителна темна тема, која се вклучува под името „Lights out“. Истата користи целосно црна боја, а според Twitter е побарана од страна на корисниците.
Зошто оваа тема не е овозможена и за Android уредите кои многу порано и повеќе од iOS користат OLED екрани, нема информација, па се надеваме дека тоа е само привремена ситуација.
It was dark. You asked for darker! Swipe right to check out our new dark mode. Rolling out today. pic.twitter.com/6MEACKRK9K
— Twitter (@Twitter) March 28, 2019