trackseries-w8-f

Јасно е дека ТВ сериите се дел од нашето секојдневие и поради големата заинтересираност не смееме да си дозволиме за да пропуштиме некоја епизода. На поразвиените платформи како Android и iOS можат да се најдат различни ТВ водичи кои ќе овозможат да бидете во тек со сериите секогаш кога ќе го вклучите вашиот телефон или таблет. Но, што ако се случи да немате пристап до нив и не можете да најдете никакво решение кога работите на вашиот компјутер?

TrackSeries за Windows 8.1 е тоа што ви треба. Се работи за супер функционален ТВ водич кој е направен според стандардите на моменталниот модерен оперативен систем на Микрософт и е компатибилен со сите уреди кои работат на Windows 8.1 и Windows RT.

trackseries-w8-2

TrackSeries ќе ви помогне да бидете во тек со вашите омилени ТВ серии и емисии особено кога работите на компјутер или Windows таблет. Овозможува следење на неограничен број на серии и емисии, што значи дека тоа што редовно го гледате со сигурност ќе го најдете при пребарувањето. Исто така овозможува и синхронизирање низ сите Windows уреди. Секогаш ќе знаете што сте пропуштиле и што следува понатаму без да ја стартувате самата апликација, благодарение на поддршката за Live Tile.

trackseries-w8-3

Моментално Track Series е единствениот (и бесплатен) ТВ водич кој што може да се најде на Windows Store-от и што може користи на Windows 8.1 и RT уредите. Преземете го директно од продавницата.

Претходна статијаНовиот HTC One M9 ќе има “5.1 Surround” и ќе биде лансиран заедно со паметен часовник
Следна статијаMicrosoft дизајнира светилка која автоматски ќе го полни вашиот смартфон!