ТестовиВозачка е Android апликација која на корисниците во секое време им ги прави достапни официјалните тестови за полагање на возачка дозвола. Со тоа, идните возачи можат во секое време и место да повежбаат и да бидат сигурни дека нема да имаат проблем при полагањето на тестовите.

Сепак, во денешно време повеќето од нас работите ги правиме преку нашите мобилни уреди, па достапноста на тестовите на мобилен, наместо во форма на книга, сигурно ќе биде многу попривлечен начин за припреми и учење.

Тестовите се достапни за сите категории, односно А/А1, Б, Д/Д1, М/Ф/Г, Ц/Ц1 и се официјалните тестови од Министерството за Внатрешни Работи.

Апликацијата им нуди на корисниците неколку функции со коишто тие подобро ќе може да се спремат за полагање на тестовите. Па така, покрај официјалните тестови, може да се избере Вежбање каде што со добиваат разни прашања кои може да ги има на тестовите.

За можноста да се отворат повеќе прашања, достапна е Премиум верзија која чини само 0,97 долари, што се разбира е ништо во споредба со користа која ја добиваат корисниците кои се спремаат за полагање.

Во апликацијата достапен е и дел кој прикажува статистика од сработеното на корисникот, односно колку прашања има одговорено и слично.

Апликацијата е достапна во Android Play Store и можете да ја симнете преку следниот линк.

Претходна статијаМисли, креирај и делувај преку VoiceUp
Следна статијаWiTricity за безжично полнење на електричните автомобили
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.