Pokemon Go е типичен пример за успех во областа на проширената реалност. Ако на тоа ги додадеме бројките за број на спуштања на апликацијата, резултатите се евидентни.

Оттаму се поставува прашањето – што ја направи апликацијата толку популарна? Дали е тоа заради Pokemon лиценцата? Дали е заради актуелноста на проширената реалност? Или можеби тоа се должи на иновативниот приод на Niantic (фирмата позади Pokemon Go) и употребата на податоците за локациите на корисниците?

Несомненно е дека секоја од наведените работи има свој придонес. Сепак, најголемата причина е следната:

Потенцијалот на раскажувањето, попознат под терминот storytelling.

Всушност, ако размислам подобро, најголемaтa предност на Pokemon Go не е ниту една поединечна карактеристика – туку самата целина. Се мисли на она што доаѓа заедно. Тајната е во целокупниот пакет кој им овозможува на корисниците да проживеат една од најпопуларните приказни некогаш раскажани: да се биде Покемон тренер.

Pokemon Go мајсторски си игра со вашата имагинација, давајќи му доволно можности на вашиот мозок да се впушти во измислен свет. Ова ја прави најуспешна АР платформа за раскажување приказни на пазарот денес.

Pokemon Go анализа

Извонредните наративи кои ги има апликацијата се разликуваат од која било друга форма на наратив. Пасивните наративи, пак, како што се филмовите, ни дозволуваат да гледаме приказна што се одвива на далечина. Интерактивните приказни, од друга страна, како видео игрите, ни овозможуваат да учествуваме во приказна контролирајќи го ликот … исто така од далечина.

Овие наративи целосно ја отстрануваат таа далечина, ја опфаќаат вашата реалност и ви овозможуваат да бидете предводник на приказната. Границата помеѓу вашите физички акции и заматеноста на дигиталното искуство не е нешто што го гледате или нешто што го играте, туку нешто што го живеете. Згора на се, сето тоа се тоа се случува во реално време.

Повеќе од јасно, Pokemon Go е навистина неверојатен пример за одлично сработен наратив. Им дава на своите корисници алатки за да ја раскажат својата приказна, а нивниот мозок ги исполнува празнините, трансформирајќи ја реалноста околу нив во Покемон фантазија.

Ова покренува важна точка: голем дел од искуството во Pokemon Go не се случува во границите од апликацијата, туку во вашата глава. Откако телефонската апликација ќе ве убеди дека Покемон може да се демне во било кој агол на светот, почнувате поинаку да ја разгледате целата околина. Вие всушност играте во својата измислена реалност, дури и кога телефонот не е во рака.

Pokemon Go анализа

Како тренери, морате да одите и да го истражувате светот за да напредувате. Понекогаш тоа значи дури и да патувате низ земји за да најдете ретки суштества кои треба да се уловат. Приказната се случува во реалниот свет, па можете да пронајдете и други играчи на вашето патување. Станува збор за вистински луѓе кои служат како “ликови” кои навистина можат да имаат влијание во вашата приказна. Сето ова го прави личното искуство на секој корисник уникатно.

Значи, ако Pokemon Go е толку успешна во раскажувањето, зошто неговата корисничка база паднала над 80% во текот на изминатата година?

Причината е едноставна: раскажувањето на приказни никогаш не беше движечка сила на дизајнот на апликацијата. Niantic не ги фокусираше нивните последователни ажурирања во зголемувањето на потенцијалот за раскажување приказни на платформата колку што можеше.

Како што минуваа месеци, приказните почнаа да се повторуваат. Луѓето веќе немаа емоционална приврзаност за да се вратат во искуството. Кога наративниот корисник станува застарен и предвидлив, истото го прави и производот.

Да резимираме, штом луѓето сфатат дека успехот на Pokemon Go доаѓа во голема мера од неговата способност да ги вклучи корисниците во значајни лични наративи, а не само механика или лиценца, технолошкиот свет ќе се промени во дел од секунда.

Претходна статијаДали вложување во Биткоин е сѐ уште добра идеја?
Следна статијаYouTube ќе ги „обележува“ видеата спонзорирани од државите