Компанијата Nuance го прекина развојот на апликацијата Swype. Доколку никогаш претходно ја немате сретнато, Swype е апликација која овозможуваше пишување на виртуелна тастатура со лизгање преку екранот. Практично, алтернатива на популарното „куцање“.

Nuance прекина да ја развива апликацијата за обата најпопуларни оперативни системи, Android и iOS. Ова се случува 6 години откако потрошија околу 100 милиони долари за да добијат сопственост над неа.

Од компанијата образложуваат дека проектот е напуштен со цел да се посвети повеќе внимание на нивните останати продукти. Технологијата која стои зад апликацијата и понатаму ќе продолжи да се употребува. Од Nuance велат дека таа наоѓа примена особено во делот на автомобилската индустрија.

Апликацијата е тргната од App Store и Google Play, но оние кои ја имаат инсталирано се’ уште можат да ја користат и во наредните месеци. Главната причина за згаснувањето на апликација која некогаш беше особено популарна е токму фактот кој ја направи популарна. Алтернативниот начин на користење на виртуелна тастатура беше „интересен“ само на почетокот. Подоцна самите оперативни системи ја вклучуваа ваквата опција, па потребата од засебна апликација исчезна.

Лично и понатаму не може да ми стане јасно кои се луѓето кои на овој начин ја користат тастатурата на својот мобилен телефон… Постојат ли воопшто…?

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Nuance Mobility
Претходна статијаSamsung Galaxy S9 и S9+: Создадени за начинот на кој комуницираме денес
Следна статијаСе развива технологија која делумно ќе овозможи комуницирање со починатите лица