Steam е еден од најмногу користените начини на купување и играње на игри на десктоп во светот. Не сум сигурен колку корисници брои овој сервис во земји како нашата, па можеби оваа новост нема да погоди скоро никого.

Од компанијата најавија дека до крајот на оваа година ќе заврши поддршката за работа на нивната апликација на старите Windows XP и Vista. Почнувајќи од 1-ви јануари 2019 година, Steam десктоп апликацијата веќе нема да работи, а преку неа веќе нема да може да се стартуваат купените игри, односно нема да може да се стартува и самата апликација.

Како причина за престанокот на поддршка за овие оперативни системи, покрај очигледната, се наведува верзијата од Google Chrome која е потребна за работа на софтверот, која веќе не ги подржува овие верзии од Windows.

Steam на XP и Vista до крајот на годината ќе работи, меѓутоа не со сите достапни функции како на поновите верзии од Windows, како што е на пример Steam Chat.

Ние би препорачале да корисниците ја користат најновата верзија од Windows, односно Windows 10, без разлика дали тие го користат Steam или било кој друг софтвер кој веќе не работи на постарите верзии. Најновата верзија од било кој оперативен систем или софтвер, секогаш е најбезбедна, а и ги содржи најновите достапни функции кои го подобруваат корисничкото искуство.

ИЗВОРSteam
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаБојан Секулоски како најдобар од Македонија ќе се натпреварува на светскиот Adobe CA шампионат во Флорида
Следна статијаМакедонските ИКТ компании претставени на саемот ANGACOM во Келн, Германија во организација на Инвест Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.