Spotify, Бугари, 1 милион долари

Да видиш, да не веруваш. Бугари кои добро го проучиле функционирањето на Spotify успеаа да најдат начин да заработат фантастични 1 милион долари. Ова го јавува Music Business WorldWide. Како ли само им успеа?

Се претпоставува дека станува збор за поголема група на корисници кои организирано прикачувале плејлисти од трета страна. Плејлистите биле познати под имињата “Soulful Music” и “Music From the Heart”. Поуспешната, “Soulful Music”,  се појавила како 35-та најпопуларна листа за репродукција во светот и 11-та најголема во Соединетите Американски Држави. Единствената нелогичност во целата работа е тоа што имала само 1.797 следбеници и околу 1.200 месечни слушатели.

Но, ќе се запрашате, во што e трикот тогаш? Целата финта се состои во тоа што Бугарите креирале повеќе лажни профили од каде ги преслушувале песните на тие плејлисти. Ова било правено многу внимателно, константно и на одредени временски интервали. Со оглед на тоа што Spotify исплаќа пари за број на преслушувања на плејлистите, измамниците успеале да соберат дури 1 милион долари.

Можеби најинтересниот момент во целата приказна е тоа што целата операција е направена комплетно легално. Како што дознаваме, правилата на апликацијата воопшто не биле нарушени. Просто како грав, итрите Бугари ги искористиле максимално пропустите на познатиот шведски стартап и ги ползувале во своја корист.

Сега засега, Spotify нема решение за ваквите случаи. Оттука, мамењето на музичкиот стриминг е огромна, профитабилна и секако брзорастечка индустрија. Како што можеме да заклучиме и неверојатно лесна.

“Факт е дека ваквите случаи се во пораст. Воопшто не е важно дали тоа резултира со илјадници фрлени долари или милиони, од страна на компанијата”, вели Џон Сеј за Quartz уште во 2016 година. Џон е инаку адвокат кој има специјализирано авторски права и стриминг.

Што да се каже, јасно е дека ваквите ситуации само ќе зачестат, доколку одговорните не најдат начин да ги идентификуваат предвремено. Едно е сигурно – бугарската шема воопшто не е оригинална и тие добија на популарност токму поради леснотијата на целиот зафат.

Што мислите вие?

Пишете ни во коментар.

Претходна статијаКако Петер Тиел го сруши Gawker
Следна статијаApple отвора медицински центри во кои ќе се тестираат нови технологии