Времето кога патувањето во вселената, барем во орбитата на Земјата, веќе нема да биде наменето само за астронаутите од NASA, ESA и другите вселенски агенции, полека се ближи. Иако компаниите кои планираат вселенски летови за туристи се’ уште немаат започнато официјално со работа, тоа ќе се случи овие неколку години.

Сепак, на почеток летовите ќе може да си ги дозволат луѓе кои ќе немаат проблем да платат неколку стотици илјади долари, а можеби и милиони, за летот, па јасно е дека шансата во почеток ќе ја имаат помал број на луѓе.

Финската компанија Space Nation, која себеси се опишува накратко како стартап за вселенски туризам, планира да им овозможи на повеќе луѓе да добијат шанса да летаат во орбитата на Земјата, односно да станат астронаути.

Компанијата тоа планира да го постигне преку нивната апликација за Android и iOS, Space Nation Navigator. Оваа апликација е замислено да преку квизови, игри и фитнес предизвици ги обучи луѓето да бидат спремни доколку би летале во вселената.

Апликацијата функционира во форма на еден вид натпревар, односно корисниците ќе добиваат поени за нивниот успех, а на крајот од годината ќе биде составена и топ листа.

Од компанијата планираат идната година да изберат одредена бројка од најдобрите корисници и да ги пратат на вистинска обука за летање во вселената, по што еден од нив, најдобриот ќе може навистина да ја посети орбитата на земјата.

Апликацијата е достапна за сите корисници на Android преку Play Store на следниот линк, како и за корисниците на iOS преку следниот линк. Симнете ја, играјте, па можеби ќе бидете меѓу ретките избрани да продолжат со обуката за астронаути.

Од компанијата планираат ова да им стане нормална практика, односно преку апликацијата, на овој начин, да продолжат и во иднина да ги бираат луѓето кои се погодни да станат астронаути.

ИЗВОРSpace Nation
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаS Pen во Galaxy Note 9 ќе дојде со Bluetooth и ќе има многу повеќе функции
Следна статијаSamsung Galaxy S10 ќе дојде во три различни верзии?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.