Skype оваа недела пушта нова функција која во главно е наменета за лицата со проблеми со слухот, иако сигурен сум дека и другите корисници ќе можат да најдат корист од истата.

Се работи за транскрипција во вистинско време на разговорите, без разлика дали се единечни или групни, а текстот од разговорот се прикажува како стандарден превод на филмовите. Приказот на текстот е во вистинско време, направен е да биде што побрзо прикажан, а за тоа се погрижува вештачката интелигенција.

Вклучувањето на оваа функција може да се направи за секој повик посебно, а може и да намести да биде секогаш вклучена за секој повик.

Skype со ова покажува дека сепак не е само една обична апликација за разговори, која се обидува да им конкурира на Messenger, Viber и другите. Оваа апликација отсекогаш нудела нешто повеќе, па затоа и до ден денес се користи уште од страна на бизнис корисниците.