Skype веќе одамна може да се користи за испраќање на SMS пораки, меѓутоа за тоа е потребно да се стави Skype Credit и да се користи нивниот сервис наместо тој од операторот на телефонскиот број којшто го користи корисникот.

Исто така, веќе одамна се најавува можност за поврзување на SMS пораките од операторот на корисникот, со десктоп компјутерот на корисникот, преку Skype, со што ќе се добие можноста да се користи оваа апликација за испраќање и примање на SMS пораки, без разлика од кој уред се работи.

Идејата најмногу доби шанса да биде реализирана во времето кога Microsoft се’ уште имаше надежи дека нивниот Windows 10 Mobile ќе успее на пазарот, па со неуспехот на овој систем, некако застана и функцијата која беше развивана за Skype.

Изгледа дека воведувањето на оваа функција во Skype е блиску, па Microsoft почна да ја тестира на Skype Preview верзијата за Android, а можноста е додадена и на Skype Preview за Windows 10. Двете апликации сега ја имаат можноста да примаат и испраќаат SMS пораки, односно ставени се две можности за избор:

  • Преку Skype SMS со користење на Skype Credit
  • Новата SMS Connect можност која овозможува да се користи Skype на Windows 10 или Mac за да се испраќаат и примаат пораките од Android телефонот

На нашите уреди, иако е достапна оваа нова опција, истата не може да биде вклучена, а како што можевме да прочитаме и на странските портали, случајот е ист. Ова сепак покажува дека опцијата ќе почне да функционира во некоја од наредните верзии, па корисниците ќе може да ја тестираат пред истата да им биде овозможена на сите корисници.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаТест на огромната нова батерија на Galaxy Note9 во споредба со конкуренцијата
Следна статијаКако се снимаат рекламите од големите производители каде се претставува нивната камера
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.