skype blogs

Тимот на Skype на својот блог денеска најави дека престанува со развивање на својата апликација за Windows Phone 7 платформата. Објаснувањето е се поголемиот моментум што го добива Windows Phone 8 на пазарот, па најголемиот број на корисници на Skype од Windows Phone се од 8-мицата. Продолжуваат со набројување на предностите на Skype на Windows Phone 8 во споредба со другите платформи, како воведувањето на HD видео повици. Исто така нагласуваат дека неодамна имаат воведено можност за видео пораки на Windows Phone 8. Планираат да продолжат да развиваат за оваа платформа со цел да го направат искуството што подобро, па поради тоа ќе прекинат со развивање за Windows Phone 7 и нема да издаваат нови надградби.

Апликацијата ќе продолжи да функционира и ќе може да биде симната од продавницата за апликации на Windows Phone 7 и понатаму.

Претходна статијаYouTube најави offline viewing опција за своите мобилни апликации
Следна статијаiTunes Радио
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.