Иако Skype се’ помалку се користи, а посебно од помладите корисници, а главната карактеристика која остана популарна се видео повиците, сепак тоа не значи дека оваа апликација не треба да добива подобрувања. Skype уште го користат голем број на корисници, а секако секогаш тука е и желбата да таа бројка се зголеми.

Сервисот изминатата недела доби неколку новини кои се однесуваат на текстуалниот дел од разговорите, новини кои треба да го подобрат корисничкото искуство на корисниците. Овие новини ги вклучуваат следните функции:

  • Пораките кои се напишани, а не се испратени, ќе бидат означени со ознаката „draft“ во листата со разговори. На овој начин корисниците нема да забораваат дека некоја порака не им е испратена, а ознаката ќе стои без разлика дали апликацијата била исклучена.
  • Означување на пораките како „bookmark“ по што ќе може да се најдат во новиот посебен дел „bookmarks“. Одличен начин да се издвојат одредени пораки за полесно да може да се најдат во иднина.
  • Можност за преглед на сликите, видеата или било кои други датотеки пред нивното испраќање.
  • Прикажување на сликите во форма на албум кога ќе се испратат повеќе слики во исто време, наместо нивно прикажување една по друга.
  • Можност за поделба на апликацијата на десктоп, во посебен прозор да бидат прикажани листата со контакти и разговорите.

Новите функции на Skype веќе ви се достапни, а истите и ги немате забележано.

ИЗВОРSkype
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаVolocopter го направи својот прв тест лет на аеродромот во Хелсинки интегриран со системот за контрола на летање
Следна статијаСе отвори првиот центар на стартап заедницата во Скопје – MKstartups Space
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.