Microsoft_Edge_logo.svg

Поддршката на Microsoft Edge за екстензии, односно додатоци кои ја прошируваат функционалноста на прелистувачот, се најавува веќе одамна. Доцнењето е една од причините зошто овој нов прелистувач ја дели истата судбина со Internet Explorer, односно корисниците едноставно не го користат, барем не во доволно голема бројка.

Изминатиот период излегоа информации дека поддршката конечно ќе биде претставена и корисниците на Windows Insider верзиите од Windows 10 ќе можат конечно да ја тестираат. Според информации кои доаѓаат од извори на WinBeta и Thurrot.com, екстензиите се спремни за пуштање во наредната Insider верзија, па доколку не се јави нешто непланирано, би требало да ги видиме веќе овој месец.

estensioni-microsoft-edge-windows-store

Во меѓувреме излегоа слики од Windows Blog Italia кои тврдат дека се од екстензија за Edge поставена на Microsoft Store страната. Екстензијата е наречена Page Analyzer, но линк не е достапен за да може да се потврди, па останува да „веруваме“ на овие информации.

Од сликата може да се извадат одредени заклучоци за тоа како ќе функционираат екстензиите, односно како ќе се пронаоѓаат и како ќе се инсталираат.

Тие треба да бидат достапни како и било која друга Windows 10 апликација преку продавницата за апликации. По инсталирањето икона ќе биде додадена на Старт менито, по што најверојатно ќе се стартува одредена функција директно во Edge.

Екстензиите исто така ќе можат да додадат копче на горната лента од Edge, што е очекувано, а и неопходно за одредени екстензии.

Estensioni_2

Дали претставувањето на поддршката за екстензии во Microsoft Edge ќе биде доволна причина за корисниците да му дадат, веќе може да се каже, втора шанса на овој прелистувач, со што би се забавил падот на пазарниот удел. Ова е нешто што ќе биде интересно да се следи во наредните година дена.

Извор: Ghacks

Претходна статијаВреме е за стартап – дел 1
Следна статијаStardock развива софтвер кој ќе овозможи користење графички на AMD и Nvidia во ист компјутер
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.