Можеби не се работи за некоја голема промена која директно ќе влијае на нашето корисничко искуство, меѓутоа ја покажува посветеноста на Google во развојот на Android и се што е поврзано со овој оперативен систем.

Play Store доби неколку промени изминатиот период, па така зелената боја во самата апликација сега е нешто потемна, а направен е и редизајн на делот каде што се вашите апликации. Истите сега подобро се издвоени помеѓу тие кои имаат нова верзија, тие што се инсталирани и слично.

Сега на ред дојде иконата од апликацијата. Истата е променета за самата апликација, како и за делот којшто се прикажува при известувања.

Промената не е голема, останува Play ознаката, односно шарениот триаголник насочен со врвот на десната страна, но тргната е ќесата за шопинг врз која беше поставен триаголникот.

Оваа промена ќе се забележи и кај известувањата, односно кога ќе добиете известување за нови верзии од апликации, односно известување за извршено ажурирање на некоја апликација.

Како и обично, Play Store автоматски се ажурира со тек на време, па сите корисници ќе можат да ги забележат промените во текот на наредните недели или месеци. Доколку сепак сакате да ја симнете и рачно да ја инсталирате најновата верзија од апликацијата, што само за една нова икона и не е нешто потребно, тоа можете да го направите преку линковите достапни на Android Police, подолу во изворите.

Извор: Android Police, Phone Dog

Фото: Android Police

Претходна статијаMicrosoft го претстави Есенскиот “Creators Update”, досега познат како Redstone 3
Следна статијаMicrosoft го претстави “Fluent Design System”, досега познат како Project Neon
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.