Иако има доста добри алтернативи, сепак нема збор дека апликацијата број 1 кога е во прашање работа со слики е Photoshop од Adobe. Истото може да се види и од цената која ја има оваа апликација, па во земјите како нашата оваа апликација многу често се користи нелегално, односно истата не се плаќа, туку се „кракува“.

Од добрите алтернативи се истакнуваат GIMP која е бесплатна, но тука се и апликации како Affinity Photo кои чинат околу 30-50 долари еднократно, а успеваат да ги овозможат повеќето алатки од Photoshop, иако предноста на Photoshop не е само во алатките.

Голем дел од корисниците не им е потребна моќта и алатките на Photoshop, па и на другите алтернативи. Потребни им се само неколку алатки со кои ќе ги прилагодат своите слики, па плаќањето за апликации е непотребна работа.

Дечките од Windows Central, најверојатно како платена статија, имаат направено рецензија на онлајн сервис, поточно онлајн апликација, која не се инсталира туку се користи преку интернет прелистувач.

Нас ни привлече внимание, па еве да ви ја пренесеме и на вас доколку сте во потрага по добра апликација за работа со слики.

Photopea е името на апликацијата и до неа може да се пристапи преку https://www.photopea.com/ и веднаш може да почне да се користи.

Не би навлегувале многу во можностите на оваа апликација. Истата изгледа слично со Photoshop и другите, а има голем дел и од алатките. Ние не работиме многу со слики, па не би можеле да предвидиме дали на вас ќе ви заврши работа, па најдобро е да ја пробате и да проверите.

Една од поголемите предности на Photopea е што е направена како PWA, што значи дека преку Chrome или Edge може да притиснете на Install преку менито, по што кратенка до истата ќе биде поставена на десктопот и Старт менито.

При вклучување на апликацијата по нејзината инсталација, прелистувачот ќе го промени својот изглед и веќе нема ни да можете да познаете дека се работи за веб апликација.

Секако, работата е со датотеки од вашиот компјутер, а истите се зачувуваат повторно на вашиот компјутер по завршувањето со работа.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаИдните верзии на Android ќе добијат поддршка за електронски документи за идентификација
Следна статијаРен Женгфеи, основачот на Huawei: Долго се подготвувавме за моментот кога со САД ќе се сретнеме на врвот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.