Кога ќе се погледнат бројките, лесно е да се погоди дека станува збор за сервисот Пазар3 (www.Pazar3.mk) кој на корисниците и компаниите веќе 12 години им овозможува брзо, лесно, ефективно и безбедно огласување и продажба, а на купувачите доверливо место за пазарување од удобната фотеља во домот.

Со секоја измината година успехот на Пазар3 расте, а расте и бројот на задоволни купувачи. Било да сакате да купите автомобил, бaрате работа или можеби сакате да изнајмите стан, Пазар3 стана незаменлив чекор од донесувањето на одлуката.

Како предводници на е-трговијата во Македонија, од компанијата нудат и едноставно решение за отворање на веб продавница, па така секоја компанија може брзо и едноставно да биде дел од најголемото место за тргување во Македонија кое на месечно ниво го посетуваат над 2 милиони посетители. Со ова решение ќе се надмине проблемот што го имаат компаниите со малиот број на посетители на нивните сопствени веб продавници и нивните производи и услуги инстантно ќе се најдат пред огромна публика која веќе е навикната да разгледува и пазарува од страните на Пазар3.

Дополнителна можност за истакнување на Вашата компанија или производите и услугите кои ги нуди, претставува и можноста за рекламирање преку повеќе формати на банери таргетирано според географско подрачје, преференции на посетителите, по различни категории и сл.

Успешната приказна од Македонија, пополека се прелева и во нашето соседство, каде Пазар3 направи експанзија и своите услуги веќе ги нуди и во уште 4 нови пазари: Србија (https://www.mojtrg.rs/), Црна Гора  (https://www.mojtrg.me/), Косово (https://www.merrjep.com/) и Албанија (https://www.merrjep.al/)

Последна новина на Пазар3 е Android апликацијата. Сега можете да пристапите до сајтот побрзо и полесно од кое било место, во кое било време. Апликацијата може да се симне бесплатно од ОВОЈ ЛИНК, и преку неа можете да поставувате или разгледувате огласи и директно да контактирате со огромната база на огласувачи и компании.

Гордост е кога една македонска компанија која фактички го разви сегментот на онлајн трговија во државава, ќе се развие успешно и на регионално ниво и оттаму со нетрпение очекуваме да слушнеме за новите подвизи и пазари кои ќе ги освојува овој домашен сервис.

ИЗВОР 2Marketing365
Претходна статијаGoogle промовираше апликација за откривање на соседството преку локални експерти
Следна статијаВозила со јачина од преку 10.000 КС ќе гостуваат во Скопје