opera-mini-beta-wp

По најавата дека Opera има склучено договор со Microsoft за нивниот мобилен прелистувач Opera Mini да биде стандардниот прелистувач на Nokia уредите кои што не работат на Windows Phone, се постави прашањето зошто овој прелистувач не е достапен и за оваа платформа, која што сигурно би имала корист од едно вакво име да претстави апликација во продавницата, а сигурно ќе нема корисник кој што не би сакал да го проба познатиот прелистувач од оваа компанија.

Изгледа дека сепак договорот помеѓу двете компании ќе го донесе Opera Mini прелистувачот и на Windows Phone платформата. Од компанијата на својата страна отворија можност за регистрација на корисници кои што би сакале да ја тестираат бета верзијата од Opera Mini за Windows Phone. Можете да се регистрирате со внесување на вашиот email преку следниот линк, меѓутоа во овој момент тоа само ве додава во листата на заинтересирани бета тестери. Линкот за симнување на апликацијата не е веднаш испратен, па претпоставуваме дека од Opera ќе почнат да испраќаат пораки во наредните денови или па овозможени се само ограничен број на бета тест верзии, па нема сите да можат да го пробаат прелистувачот додека не биде официјално достапен.

Што се однесува до функциите на прелистувачот, нема повеќе информации, па можеме само да претпоставиме дека ќе бидат истите како на другите платформи. Овој прелистувач беше можеби најпознатиот пред излегувањето на поголемите мобилни телефони, како и прелистувачите од Google и Mozilla. Познат е по својата едноставност, како и можноста за компресија на податоците на серверите на Opera со што се добива заштеда на мобилниот лимит, како и побрзо отворање на веб страните.

Opera за Android е достапен и во нова верзија која што е направена на основа на chromium, како што е тоа случајот со десктоп верзијата на прелистувачот. Mini верзијата која што е достапна на повеќето платформи, обично е наменета за телефоните со помал екран. Како и да е, ова е интересен додаток на не толку популарната продавница за апликации, па ќе видиме како ќе се покаже кај корисниците.

Извор: WPCentral, Opera

Претходна статијаAMD претстави економичен осумјадрен процесор
Следна статијаFirefox 32 достапен за симнување и надградба
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.