onedrive-uwp-desktop

Достапноста на оваа апликација беше најавена пред одреден период, а може да се каже дека истата ќе реши одредени проблеми со кои се соочуваа корисниците по промената на начинот на синхронизација на фајловите во Windows 10.

Посебна апликација од OneDrive е достапна за мобилните телефони, па додатокот на десктоп верзијата ја прави вистински универзална апликација, како што од Microsoft би сакале повеќето програмери да претставуваат.

Корисниците ќе добијат многу со оваа апликација поради тоа што веќе нема да мора да ја отвораат OneDrive веб страната за да направат одредени работи кои не им се достапни локално, а посебно отворањето на фајлови кои не се локално синхронизирани.

За потсетување, во Windows 10 Microsoft ги тргна таканаречените placeholders фајлови кои беа главниот начин на функционирање на синхронизацијата со OneDrive. Овие фајлови беа прикажувани локално иако не беа достапни додека корисникот не ги отвори. Тоа значеше дека корисниците можеа да ги видат и отворат сите нивни фајлови од облакот, без потреба истите да бидат синхронизирани и да зафаќаат место на локалниот диск.

Во Windows 10 корисниците мора да изберат кои папки сакаат да им бидат синхронизирани, па со тоа останатите не се прикажани во File Explorer, па единствен начин да се пристапи до нив беше со отворање на веб прелистувач.

Новата апликација овозможува брз пристап до онлајн фајловите кои не се локално синхронизирани, но и следните функции:

  • Враќање на избришани фајлови од Recycle Bin
  • Drag and drop на фајлови директно во апликација за нивно прикачување во облакот
  • Брз пристап до последните документи кои директно се отвораат во Office програмите

OneDrive апликацијата е достапна во Windows Store и можете да ја симнете преку следниот линк.

Симни ја OneDrive од Windows Store

Извор: Office Blogs

Претходна статијаПрви фотографии од iPhone 7 – освежен дизајн без пластични линии за антената
Следна статијаGalaxy X ќе биде телефонот на преклопување од Samsung – ќе биде претставен идната година?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.