Mozilla го претстави Firefox Preview пред еден месец, но тогаш за да можеше да се симне апликацијата, мораше да се регистрира и да се направи кратка процедура. Сега овој нов прелистувач, се’ уште во тест фаза е достапен за сите преку Play Store за да го тестираат и пробаат.

Firefox Preview ја претставува целосната преработка на Firefox за Android од страна на Mozilla којшто треба да ја добие својата финална верзија оваа есен. До тогаш корисниците може да почнат да го користат во оваа тест фаза, а од наше искуство, прелистувачот е доволно „среден“ за разлика од пред некоја недела и може да се користи дури и како главен прелистувач.

Новата верзија од Firefox за Android целосно го менува прелистувачот. Тој ќе работи на нова технологија која е развиена на основа на таа која сега се користи на десктоп, односно Quantum, додека за Android e наречена GeckoView.

Според Mozilla овој нов прелистувач треба да работи и да ги отвора веб страните и до 2 пати побрзо од претходните верзии. Тоа се постигнува, покрај со новата технологија и преку тоа што блокирањето на „тракерите“ е автоматски вклучено.

Ова е и една од главните карактеристики на новиот Firefox. Како што Mozilla се повеќе дава значење на приватноста на корисниците на десктоп верзијата од Firefox, тоа сега ќе биде и случајот со мобилната верзија.

Firefox Preview исто така го покажува и целосно новиот изглед на Firefox. Лентата за адреси е преместена на долната страна, нешто што во последно време почесто се прави поради полесно користење на мобилен уред со една рака.

Покрај тоа, на главната страна се поставени таканаречени колекции. Овие колекции претставуваат групи на веб страни кои корисникот може сам да ги избере и зачува, па потоа лесно да пристапи до нив, како и да ги сподели на други корисници.

Mozilla дава пример со колекција која е наречена „утринска рутина“ или „шопинг за алишта“, па корисниците можат да ги стават сите веб страни кои ќе ги најдат како корисни во посебна колекција која потоа можат да ја отворат.

Прелистувачот исто така има и темна тема која може да се вклучи рачно, а и да се намести да ги следи прлигодувањата на оперативниот систем, па Firefox автоматски да ја вклучи темната тема.

Firefox Preview е достапен преку Play Store и можете да го симнете преку овој линк.

ИЗВОРMozilla
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаЏони Ајв основа сопствена компанија за дизајн и ја напушта Apple
Следна статијаHuawei ја освои наградата „најдобар смартфон“ на European Hardware Awards 2019
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.