Microsoft ја најави новата Office апликација за Windows 10 при крајот на минатата година, па истата сега е достапна за сите корисници.

Во основа не се работи за целосно нова апликација, Windows 10 веќе доаѓаше со My Office апликација која корисниците можеа да ја користат за да ја проверат својата Office сметка, како и да ги инсталираат десктоп апликациите.

Новата апликација која е наречена само Office е направена да биде едно централно место за корисниците кои често работат со апликациите од Microsoft, односно со повеќе видови на документи. Со оваа апликација тие ќе ги гледаат сите свои почнати документи на едно место, а исто така ќе можат да ја вклучат и било која од достапните апликации.

Оваа апликација е направена по примерот на office.com каде онлајн верзиите на Office апликациите се во преден план.

Со Office апликацијата корисниците можат да ја проверат својата Office 365 сметка, а доколку не се претплатени можат да ги видат достапните пакети, како и да ги отворат онлајн верзиите од апликациите.

Доколку ја немате избришано My Office апликацијата, истата веќе треба да е надградена на Office, а доколку ја имате избришано, истата можете да ја симнете преку овој линк.

Претходна статијаLG G8 е смартфон од високата класа со главен акцент на можностите на предната камера и сензорите
Следна статијаHUAWEI Mate X прогласен за најдобар нов мобилен телефон на Светкиот конгрес со Барселона
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.