Microsoft минатиот месец најави дека новата верзија од Skype која е достапна веќе одреден период, станува официјалната верзија од апликацијата на десктоп, а старата верзија ќе престане со работа од 1 септември.

Главните промени во новиот дизајн на Skype може да се видат на мобилната верзија која е направена да повеќе им конкурира на Snapchat и Messenger, но десктоп верзијата може да се каже дека освен одредено освежување и промена на корисничкиот интерфејс, во главно е истата добра апликација.

Сепак, уште од ланскиот редизајн голем број на корисници се бунат и не сакаат да ја прифатат промената, што резултираше со одредени промени во мобилната верзија, што беше добра работа.

Сега истото е случајот и со десктоп верзијата, па по информацијата дека постарата верзија на Skype ќе биде прекината од септември, Microsoft ги доби стандардните критики.

Од компанијата се одлучија да го одложат прекинувањето на апликацијата поради критиките, односно како што тие истакнуваат, поради реакциите на корисниците. Тоа значи дека корисниците што ја користат постарата, 7 верзија од Skype, ќе можат да продолжат да го прават истото и по 1 септември.

До кога ќе биде достапна оваа верзија не е истакнато, но се истакнува дека од компанијата ќе работат на донесување на бараните промени и функции во Skype 8, по што ќе биде направена претходно планираната промена.

Иако мене лично новата верзија од Skype ми се допаѓа, некои од вратените стари функции поради критики од корисниците беа добредојдени. Исто така, одредени функции кои не ми се потребни, едноставно не ги користам, а на десктоп не се ни достапни.

ИЗВОРThurrott
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаAndroid 9 Pie е официјалното име на најновата верзија од овој најпознат оперативен систем
Следна статијаGoogle Maps на десткоп почна да ја прикажува Земјата во форма на глобус
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.