Skype го доби својот најголем редизајн, слободно може да се каже, од неговото претставување. Редизајнот беше направен да оваа позната апликација подобро им конкурира на во денешно време најпопуларните апликации како Facebook Messenger, Snapchat и слични.

Тоа значеше дека покрај измени во изгледот, кој сега вклучува повеќе бои и подобра поставеност на разговорите, Skype доби и неколку нови функции. Истите вклучуваат можност за објава на слики и видеа кои исчезнуваат по 24 часа, односно конкуренција нa Instagram Stories и сличните, можност за додатоци и слично.

Кога Microsoft ја пушти оваа нова верзија, истата прво стана достапна на мобилните уреди, а беше најавено дека во месеците што следат ќе биде надградена и десктоп апликацијата.

Надградбата е тука, па од оваа недела сите корисници на Skype кои го користат и преку нивниот компјутер ќе можат да ја инсталираат новата верзија.

Истата е достапна преку системот за ажурирање на самата апликација, како и преку официјалната страна на сервисот.

Од компанијата истакнуваат дека Windows 10 верзијата исто така ќе биде надградена наскоро, меѓутоа не истакнуваат кога е тоа наскоро.

Извор: Skype, TechCrunch

Претходна статијаEден од луѓето кој направи рецензија на првиот iPhone, објави први импресии за iPhone X
Следна статијаGalaxy S9 и S9+ ќе имаат подобро сместен читач за отпечатоци и двојна камера
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.