Додека Microsoft Edge беше ексклузивно достапен само на Windows 10 и беше направен во универзалната платформа на Microsoft, не се ни помислуваше на можноста овој прелистувач да биде достапен на било која друга платформа, а најмалку на Linux.

Причината поради која сега се размислува на оваа тема е што Edge сега се развива на основа на Chromium, отворен код којшто се развива и за Linux. Google Chrome е достапен на Linux, како и уште неколку други Chromium прелистувачи, па логично се поставува прашањето дали Edge исто така ќе биде донесен и развиван за оваа платформа.

Сепак, само затоа што може, не значи дека Edge ќе биде достапен на Linux, а тоа прашање посебно некои го поставија по тргањето на дел од кодот од Chromium, па не беше јасно дали тоа значи нешто за иднината на Edge на другите платформи.

За време на AMA сесија на Reddit, тимот во Microsoft кој работи на развојот на Edge одговараше на прашања, а едното од нив беше поврзано со Linux. Тие истакнаа дека нема технички пречки овој прелистувач да биде донесен на оваа платформа и дека тие би сакале во иднина да го направат тоа. Во овој момент поголем приоритет за нив е развојот на Edge и претставување на првите beta верзии, донесување на другите Windows верзии, како и на macOS.

Кога ќе се види одговорот на програмерите не може да се добие точна претстава кога би можел овој прелистувач да се очекува на Linux, а тоа може да биде и идната година најрано. Сепак, оваа платформа не е приоритет за компанијата, без разлика на соработката која ја имаат сега со оваа „заедница“.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаВози од срце – повик за донација на километрите извозени со велосипед
Следна статијаHuawei очекува пад на продажбата на смартфони до 40% и пад на планираните приходи до 30 милијарди долари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.