facebook-messenger-new-f

Facebook ја најави и претстави новата Messenger верзија минатиот месец кога ја направи достапна само на одредена група на корисници за тестирање. Сега истата е достапна за сите корисници на двете најпознати платформи, iOS и Android. Можете да ја симнете од продавницата за апликации доколку не ја користите веќе, а сакате да ја пробате или доколку ја имате инсталирано, веќе треба да е достапна надградбата, па може да ја ажурирате исто така преку продавницата.

Како што беше веќе познато кога беше претставена, новата верзија донесува целосно нов дизајн, како и можноста за пријавување на вашиот телефонски број и со тоа да комуницирате со вашите контакти кои ги немате на Facebook како пријатели, кои исто така треба да ја користат Messenger апликацијата и да го имаат регистрирано нивниот телефонски број. Исто така новата верзија вклучува ознаки на сликата од секој контакт, кои ви покажуваат дали е приклучен преку апликацијата или преку веб.

Претходна статијаКреирање на избрана листа од разни твитови
Следна статијаMicrosoft отвори центар за борба против интернет-криминалот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.