Notepad е една од најстарите програми во Windows која исто така нема добиено никаква надградба, барем не позначајна, уште од првата своја верзија. Тоа ја прави оваа програма скоро неупотреблива, па корисниците ја користат многу ретко за отворање на мали и кратки txt фајлови.

Сепак, како главен текст едитор којшто доаѓа со оперативниот систем и покрај многу подобри достапни алтернативи, голем број на корисници изгледа сакаат да го користат Notepad во својата работа. Ова е и едно од поголемите барања од страна на корисниците на Windows, па Microsoft ги послуша.

Notepad во наредната верзија од Windows 10, моментално наречена Redstone 5 и кога ќе стане достапна за сите корисници од оваа есен, ќе дојде со неколку нови функции кои ќе го направат многу повеќе корисен за работа со текст и код.

Овие нови функции станаа достапни за „тестирачите“ на Windows 10 преку Windows Insider програмата, па тие може да почнат да ја користат новата и покорисна Notepad верзија.

Новите функции во Notepad вклучуваат можност за зумирање на текстот, поддршка за текст формати од Linux и macOS, можност за „wrap around“ пребарување, прикажување на бројот на линијата на текстот, како и можност за бришење на последниот збор со ctrl + backspace.

Дали ова го прави Notepad конкурентен текст едитор со Notepad++ на пример ? Сигурно дека не, меѓутоа го прави многу повеќе корисен за завршување на брзи и мали работи за кои нема потреба од инсталирање на „посериозни“ едитори.

Останува и да видиме дали од Microsoft планираат воведување на повеќе нови функции, меѓутоа не веруваме дека тие би го направиле Notepad како конкуренција, затоа што на Microsoft најверојатно и тоа не им е целта.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаGoogle Chrome Canary го прикажува новиот дизајн на прелистувачот
Следна статијаWild Wild Country: Најфасцинантниот документарец што ќе го гледате годинава
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.