Shutterstock.com

Netflix апликацијата на Android има почнато со следење на физичката активност кај мал и ограничен број на корисници како дел од тест којшто го спроведуваат од компанијата. Целта на овој тест е да се види како може да се подобри квалитетот на нивната видео содржина и корисничкото искуство преку следење на тоа кога корисникот се движи.

Следењето на физичката активност обично се очекува од фитнес апликациите, па безбедносниот истражувач којшто го има откриено овој тест, му има привлечено внимание дозволата која Netflix апликацијата му ја има побарано.

Од Netflix даваат објаснување за порталот The Next Web, а истото гласи:

„Ние континуирано тестираме начини да им овозможиме на нашите корисници подобро искуство. Ова беше дел од тест да видиме како можеме да го подобриме квалитетот на видеото кога корисникот се движи. Само некои сметки се дел од тестот и моментално немаме планови да го прошириме.“

Од компанијата не објаснуваат точно како можат на овој начин да го подобрат квалитетот на видеата, а јасно е дека изминатите години сите имаат станато „осетливи“ кога се во прашање дозволите кои ги имаат мобилните апликации.

Злоупотребата на информациите од корисниците се има случено доволно пати, а тоа е и од најголемите компании, па ваквите ситуации сигурно ќе продолжат да привлекуваат внимание.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаSamsung Galaxy Tab S6: Нов таблет кој ја надградува твојата креативност и продуктивност
Следна статијаWindows 10 ќе може да се реинсталира преку „облакот“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.