Можеби сакаш да прочиташ некоја книга на мобилниот, но се прашуваш која е најдобрата апликација за тоа. Или пак, не си по читањето, повеќе си по аудиокниги. Јас сум откирл дека повеќе сакам да читам, односно немам доволно концентрација за да ги впијам сите информации што ги слушам од аудио книгите, бидејќи кога слушам најчесто правам и нешто друго во исто време.

За среќа, постои огромен избор на апликации со кои може да се најде и конзумира добра книга. Повеќето од нив се бесплатни (со премиум верзија), така да во листава подолу има по нешто за сечиј вкус.

Најдобрата (бесплатна) апликација за читање

Moon+ Reader. Моментално мојата омилена апликација за читање. Вчитува премногу формати на книги: пдф, ворд документи, слики и графици, како и епуб формат кој е еден од најкористените денес. Покрај тоа што можете да отворите различни формати на книги, апликацијата е многу customizable. Можете да го менувате фонтот, да вклучите night mode, да ги поместувате маргините на текстот и да си играте со многу други аспекти кои ќе ви го подобрат искуството на читање. На хоумскрин имате и дигитални полици каде што се прикажани кориците на книгите што ги имате симнато.

Amazon Audible. Ја вбројувам оваа апликација бидејќи е број еден по изборот на книги што го нуди. Има буквално десетици илјади наслови од кои што можете да бирате. Очекувано од апликација на Амазон. Првиот месец е бесплатен, потоа се плаќа околу 15 долари на месец, со што добивате една бесплатна книга секој месец.

Scribd. Скрибд прераснува во конкурент на Аудибл, но се уште не може да го симне од тронот Амазон. Сепак, има неколку предности во однос на својот главен конкурент. Едната од овие предности е тоа што Скрибд е поевтина од Аудибл (7 евра месечно). Другата е што со тие 7 евра претплата, вие имате пристап до целата база на книги што ги има Скрибд, во споредба со едната книга што ја добивате од Аудибл.

Главниот selling point на Скрибд е тоа што се труди да биде Нетфликс за книги. Единственото што им недостасува во моментот е тоа што немаат толку голем избор како Аудибл, но сепак имаат голем број на книги што може да ги бирате, вклучително и многу познати светски бестселери. Претплатата вреди за секој што сака да чита или да слуша книги. Првиот месец е бесплатен.

За оние што сакаат да конзумираат книга во 15 минути

Blinkist е апликација за тие што немаат време да читаат со часови една книга, но сакаат да го добијат знаењето од таа книга. Кога ќе се претплатите (првиот месец е бесплатен), добивате пристап до повеќе од 3000 наслови. Но, не ја добивате цела книга, туку главните поенти од книгата ставени во текст документ или аудио фајл од 15 минути. Значи, тие ги читаат книгите и ја џвакаат содржината за вие да можете во 15 минути да ја „прочитате“ истата.

Оставете коментар