najdi-mesto-2-f

Најди место е македонска апликација за Android наменета за откривање на места и локали за излегување. Во неа се вклучени повеќе од 500 локали низ државата како што се кафулиња, ресторани, гостилници, ноќни клубови и повеќе.

Во одлично организирана структура и кориснички интерфејс, Најди место ви дава повеќе информации за локалите како адресата, телефонскиот број, висината на цените, коментар за локалот, како и каде се наоѓа на мапа.

Локалите исто така може да бидат оценувани, со што при нивното разгледување може да се види дали одреден локал е оценет како добар и вреден за посета.

najdi-mesto-2-screens

Најди место минатата недела ја доби и својата втора верзија којашто вклучува подобрувања на веќе одличната апликација. Новините во Најди место 2.0 се следните:

  • Нов дизајн
  • Ново лого
  • Нова организација на погледите
  • Побрз и поедноставен пристап до локалите
  • Сортирање по близина (Со вклучен GPS).

Најди место можете да ја симнете преку Play Store или преку следниот линк.

najdi-mesto-icon

Претходна статијаОвој месец е 15 годишнината од претставувањето на VLC Player
Следна статијаApple спрема систем за управување со гестикулации за iPhone?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.