Google Search апликацијата постои веќе одамна, меѓутоа многу ретко Google издава надградба. Преку неа, како што кажува и самото име, можете да го користите Google Search за вашите пребарувања. За жал покрај пребарување, не нуди повеќе можности како на другите платформи.
Истата беше направена за Windows Phone 7, но можевте да ја инсталирате и на Windows Phone 8. Меѓутоа телефоните кој работат на 7-ца се помали и имаат помала резолуција, за разлика од поновите кои работат на 8-цата, па кога ќе ја инсталирате Google Search на WP 8, како и други не надградени апликации, корисничкиот интерфејс е скратен, односно не се прикажува на целиот екран, туку само до големината можна на претходната платформа.
Со надградбата проблемот на резолуцијата е решен, па сега се прикажува на целиот екран. Се разбира ова не е единствената новост на оваа верзија, па истата доаѓа и со следните промени:
- Најавување со вашата Google сметка директно од апликацијата. Со тоа добивате пристап до вашата историја на пребарувања на сите уреди
- При гласовно пребарување, вашите зборови се веднаш испишани на екранот (само на Windows Phone 8)
- Подобрено прегледување на резултати од слики
- Различни средувања на багови
Апликацијата можете да ја симнете преку продавницата за апликации или преку следниот линк.