Фото од Tracy Le Blanc преку Pexels

Сигурно голем дел од корисниците на едни од најпопуларните апликации, Instagram и WhatsApp, знаат дека тие се во сопственост на Facebook. Тие секако не започнаа во оваа компанија, а беа купени по одреден период на развој.

Според информациите, Facebook ќе почне да ги означува овие апликации со цел да биде јасно дека тие се во нивна сопственост. Тоа значи дека можно е апликациите да почнат да се викаат Instagram by Facebook, односно WhatsApp by Facebook или нешто слично.

Сепак не е целосно сигурно дали апликациите на овој начин ќе бидат означени. Може да се земе примерот од Microsoft и Skype, исто така сервис купен, а не развиен од компанијата која сега е сопственик. Skype го здржува своето име, меѓутоа при самото вклучување може да се видат логоата и ознаките на Microsoft, односно од компанијата се трудат истото да го истакнат и целосно е јасно.

Причините поради кои се најавува ваква промена од страна на Facebook се поврзани со истрагите кои ги започнува администрацијата на Доналд Трамп за работата на големите ИТ компании и нивното можно монополско функционирање.

Исто така, како причина се додава и желбата на Facebook поточно да го истакне својот бренд кај овие популарни апликации и со тоа да врати дел од угледот којшто го изгуби по излегувањето на информациите за тоа колку нашите приватни податоци се злоупотребуваат и на какви се начини.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.