Уредите за виртуелна реалност можеби уште не се стандардни кај корисниците, тие се’ уште се развиваат, па и не се толку евтини. Сепак, иднината без овие уреди не може да се замисли, а тие со текот на времето ќе стануваат се подобри и попривлечни за користење.

Mozilla веќе најави дека развиваат посебна верзија од Firefox наменета специјално за уредите за виртуелна и изменета реалност, па еве ја и првата верзија од таканаречениот Firefox Reality.

Уреди за виртуелна реалност ги има повеќе, од едноставни прилагодени кои го користат мобилниот уред, до специјално развиени и независни платформи како Oculus сега во сопственост на Facebook.

Firefox Reality може да се симне за уредите Oculus, Daydream од Google, како и Viveport.

Со цел да биде погоден за користење, Firefox Reality става акцент на гласовното пребарување, поради се’ уште не толку едноставно и згодно пишување со тастатура во виртуелната реалност. Исто така, како што е случајот со десктоп верзијата, Firefox Reality на својата главна страна истакнува содржина која корисниците на ВР уреди би им била корисна, а пример се игрите.

Firefox Reality иако веќе ги има некои од клучните функции на „обичниот“ Firefox, сепак со тек на време ќе вклучува и повеќе, односно ќе продолжи да биде развиван. Од Mozilla веќе ја најавуваат и 1.1 верзијата која ќе донесе низа на подобрувања.

ИЗВОРMozilla
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаНовиот Galaxy A7 пристигнува со камера со 3 објективи
Следна статијаНиз Скопје помина конвој на електрични возила
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.