Mozilla во текот на вчерашниот ден издаде нова верзија од својот Firefox прелистувач која има само една новина. Firefox 67.0.3 доаѓа со исправка на безбедносен пропуст за кого пишува дека има информации дека веќе е искористен од хакерите.

Ова значи дека доколку сте активен корисник на Firefox, се препорачува веднаш да проверите за нова верзија од прелистувачот, иако можеби ви е наместен тој самиот да проверува и инсталира нови верзии.

Како и сите вакви безбедносни пропусти, така и овој, искористува пропуст во кодот на апликацијата со што може да добие пристап и контрола над компјутерот на корисникот.

Пропустот е пронајден само во десктоп верзијата од Firefox, на сите платформи на кои е достапен, односно на Window, macOS и Linux, додека мобилните верзии се безбедни.

Информацијата за пронајдениот пропуст доаѓа од познатиот сектор во Google, Project Zero, кои се одговорни за пронаоѓање на голем дел од пропустите во познатите апликации и оперативни системи.

ИЗВОРMozilla
ИЗВОР 2The Hacker News
Претходна статијаHuawei ја одложува продажбата на Mate X поради правење на дополнителни тестирања
Следна статијаПрвиот Balkan Project Leadership самит ќе се одржи на 29 и 30 јуни во Охрид
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.